петок, 11 октомври 2024

Елмас би можел да се врати во Турција, најголемиот ривал на Фенербахче се интересира за него

Преодниот рок во Турција завршува утре, а Елиф Елмас во последните моменти би можел да го напушти Лајпциг и да се пресели во Галатасарај.

Објавено на

часот

Сподели

Галатасарај сака да го позајми Елмас на една сезона од Лајпциг, турскиот клуб веќе стапил во контакт со Германците.

Елмас мака мачи да се избори за поголема минутажа во Лајпциг, па можеби позајмица во Турција ќе биде вистински потег.

Останува да се види дали македонскиот фудбалер би бил согласен со трансфер во Галатасарај ако се знае дека беше фудбалер на Фенербахче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ