недела, 13 октомври 2024

Еквадор гласаше против дупчење на нафта во Амазон

Објавено на

часот

Сподели

Еквадорците гласаа против дупчење нафта во заштитеното подрачје на Амазон, значајна одлука што ќе ја принуди државната нафтена компанија да ги прекине активностите во регионот, дом на две племиња и светски центар на биолошката разновидност.

Националниот парк Јасуни е населен со Тагаери и Тароменани, кои живеат во самоизолација.

УНЕСКО го прогласи во 1989 година за светски резерват на биосферата.

Резерватот зафаќа површина од над еден милион хектари и може да се пофали со 610 видови птици, 139 видови водоземци и 121 вид влекачи. Најмалку три видови се ендемични, пишува Асошиејтед прес.

Со преброени над 90 отсто од гласачките ливчиња, околу шест од 10 Еквадорци го отфрлија истражувањето на нафта во блокот 43, кој се наоѓа во Јасуна.

Исходот е значаен удар за еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо, кој се залагаше за дупчење нафта, тврдејќи дека нејзиниот приход е од клучно значење за економијата на земјата.

Државната нафтена компанија Петроекуадор ќе мора да ја прекине работата во наредните месеци.

Референдумот се одржа во исто време со претседателските избори, за кои ќе се одлучува во вториот круг меѓу кандидатот на левицата Луиза Гонзалес и кандидатот на десницата Даниел Нобоа.

Земјата доживува политички превирања по убиството на еден од кандидатите, Фернандо Виљависенсио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ