понеделник, 14 октомври 2024

Експлозија во кафуле во Келн, има повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Кафуле во Келн, Германија изгоре по експлозија во зграда, две лица се полесно повредени, постои сомневање дека зад серијата бомбашки напади стои мафијата Мокро.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Кафулето, кое наводно неодамна било отворено, синоќа околу 2 часот и 45 минути во Келн целосно било опожарено. Пред тоа дошло до експлозија во зградата, жителите пријавиле силен тресок во текот на ноќта. Набргу потоа кафулето горело, прозорците биле испукани.

Зградата била евакуирана додека пожарникарите го гаснеле пожарот. Две лица наводно биле полесно повредени, пренесува Билд.

Голем број полицајци и пожарникари се на терен. Засега не е позната позадината на експлозијата, ниту пак е поврзана со претходните две што одекнаа во Келн минатата недела.

Од крајот на јуни, во Келн имаше шест бомбашки напади. Се сомнева дека зад овие напади стои таканаречената Мокро мафија, но полицијата сѐ уште официјално не го потврдила тоа.

Само во последните 10 дена три експлозии го потресоа Келн.

Минатиот понеделник околу 5 часот наутро дошло до експлозија во близина на дискотеката Венити. Потоа, неколку стотини метри подалеку во Еренштрасе се случила следната експлозија, повторно околу пет часот наутро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ