Надзорните камери снимија огромна експлозија која го потресе едно од најфреквентните пристаништа во Кина, пишува Си-ен-би-си.
Кинеските државни медиуми јавуваат дека ударните бранови биле почувствувани на километар од пристаништето Нингбо. Засега нема информации за жртви или повредени.
Инцидентот се случил на бродот ИМ Мобилити, во сопственост на тајванска компанија, по што избувнал пожар, кој подоцна бил ставен под контрола.
Сите вработени во бродот се евакуирани на безбедно.
Агенција за управување со вонредни состојби во провинцијата Жеџијанг соопшти дека товарниот брод превезувал опасни материјали, но не прецизираше за што се работи. Причината за експлозијата сè уште не е позната.