сабота, 23 ноември 2024

Експерти: Норвешкиот масовен убиец Брејвик не е ментално болен

Експерти му кажаа на норвешкиот суд дека масовниот убиец Андерс Брејвик не е ментално болен, на судењето на кое треба да се утврди дали осудениот екстремно десничарски терорист може да добие предвремена условна слобода.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот презентиран пред судот, психологот Каре Нонстад и психијатарката Пиа Јорде Ловгрен велат дека Брејвик не треба да се смета за психотичен, ниту за ментално или физички болен, пренесува норвешката новинска агенција НТБ.

Во 2012 година Брејвик беше осуден за убиство на 77 луѓе во норвешката престолнина Осло и на островот Утоја во јули 2011 година.

Нонстад и Ловгрен во извештајот напишаа дека веруваат дека Брејвик ги извршил нападите како резултат на неговата политичка радикализација, иако тој има и нарцисоидни особини.

Тие велат дека не веруваат дека има каква било основа 45-годишникот да се прогласи за кривично неодговорен.

Двајцата сведочеа на вториот ден од судското сослушување во строго чуваниот затвор Рингерике, кое ќе трае до денеска.

Не се очекува пресуда до подоцна, но шансите за ослободување на Брејвик се сметаат за мали.

Извештајот на повеќе од 100 страници е прва нова оценка за Брејвик од неговото осудување пред 12 години.

Оттогаш има различни дијагнози и прашања поврзани со менталното здравје на норвешкиот напаѓач.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ