„Примирјето во Газа мора да биде почеток на пошироко меѓународно признавање на палестинската држава и спроведување на решението за две држави бидејќи тоа е основниот гарант на стабилноста во регионот“, истакна тој.
Блинкен престојува во Каиро во обид да исфорсира прифаќање на американскиот предлог договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, кој го фаворизира Израел. Главните спорни делови на договорот засега остануваат нерешени.