Во регуларниот тек од мечот Египет постојано имаше водство, на моменти и со четири голови разлика. Во последните десет минути влегоа со три гола предност, беше 22-19, но оттогаш постигнаа само три погодоци, а Шпанците шест, па конечниот резултат по 60 минути игра беше 25-25.
Во клучните моменти од натпреварот Шпанија имаше ветар во грб и со сомнителни судиски одлуки што наиде на општо негодување во салата.
Се играше гол за гол во двете продолженија од по пет минути, на крајот Шпанија победи со 29-28.
Гомез беше најефикасен со девет погодоци, во составот на Египет Ел Дера даде осум голови.
Во полуфиналето Шпанија ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Германија и Франција.