Директорката на болницата, Снежана Захариева потврди дека пациентите од Куманово и општините од североистокот со близу 200.000 пациенти на неколку часа останаа без амбулантно возило за транспорт на итни случаи, бидејќи едното возило добиено со донација, утрово учествуваше во сообраќајна незгода, а останатите две беа на сервис.
„Веќе го добивме возилото кое беше на сервис поради поситен дефект и се договоривме со Здравствен дом Липково да користиме нивно возило за транспорт на итни случаи. И денеска превезовме лице до скопските клиники“, изјави директорката Захариева.
Болницата, со сопствени средства склучила договор и чека на испорака на ново амбулантно возило.