четврток, 10 октомври 2024

Еднократна финансиска помош за 24 студенти во Општина Маврово и Ростуше

Во Општина Маврово и Ростуше во оваа академска година право на еднократна финансиска помош ќе остварат 24 студенти.

Објавено на

часот

Сподели

„На јавниот повик беа пријавени 27 студенти. Комисијата ги разгледа доставените пријави, при што ова право одлучи да го остварат 24 бидејќи тројца од пријавените студенти не ги исполнуваа условите. Набрзо се очекува средствата во износ од по 6.000 денари да им бидат исплатени“, рече Омер Муратоски, советник за млади во општината.

Како што информира Муратоски, оваа финансиска помош се доделува трета година по ред, со цел мотивирање на младите да го продолжат школувањето на високо образовните институции и да се трудат редовно да ги полагаат испитите.

Во изминатите две академски години ова право го оствариле 56 студенти, од нив 29 минатата и 27 студенти пред две години.

Општина Маврово и Ростуше од 2018 година еднократна парична помош во износ од по 5.000 денари доделува и за секое новороденче, во семејства кои живеат постојано на територијата на општината, а трета година по ред по 3.000 денари за секое прваче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ