сабота, 8 февруари 2025

Една навика пред спиење може да ни помогне да заспиеме побрзо

Студијата од 2017 година објавена во Журналот за експериментална психологија покажа дека учесниците кои направиле список со задачи пред спиење заспале значително побрзо, поточно девет минути побрзо, во споредба со оние кои ги запишале своите секојдневни достигнувања.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Колку е подетален списокот, толку побрзо заспивале. Авторите на студијата заклучиле дека запишувањето задачи помага да ги „извадите“ од умот, намалувајќи ја потребата да размислувате за нив додека се обидувате да заспиете.

Уредникот на ЦНет, Адам Бенџамин, открил дека создавањето на список со обврски навечер му помогнало побрзо да заспие, иако тоа не била неговата првична намера: „Секоја вечер пред спиење запишував три работи што сакав да ги направам, а следниот ден запишував и една добра работа што се случи тој ден, без разлика колку е мала“.

Овој концепт е познат како когнитивно оптоварување, процес со кој го намалуваме менталниот напор потребен за извршување на задачата. Примерите вклучуваат пишување список за купување, поставување потсетник на телефонот или оставање на некој предмет на одредено место за да го запомниме.

Студијата од 2014 година на германски ИТ работници покажа дека вработените кои не ги завршиле задачите до крајот на неделата имале полош сон за време на викендот бидејќи премногу размислувале за недовршената работа. Со запишување на вашите обврски, ги вадите од глава, намалувајќи ја вознемиреноста што може да ве држи будни.

„Пишувањето список носи чувство на задоволство и потсетување дека е ноќ и не можете да направите ништо за тие задачи сега, но можете да се справите со нив утре“, заклучи д-р Всеволод Полоцки, доктор специјализиран за медицина за спиење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ