-Она што е добро и што сакам да го спомнам денес е дека информациите коишто ги имаме дека проблемот што постоеше во Комисијата за избор и именување, односно со неповлекувањето на двата члена за пополнување на едното испразнето место за албанската опозиција, еден од кандидатите ги повлекол документите. Така што, отворени се можностите на Комисија да донесе одлука и да испратиме до пленарна седница, значи материјал врз основа на којшто еден од кандидатите, мислам дека се викаше Абдуш Демири ќе биде кандидат за пополнување на местото во Државна изборна комисија, вели Мицевски.
Мицевски посочи дека изборот на член на ДИК се прави со двотретинско мнозинство и како што рече, очекува во рокот којшто го имаат да го изберат новиот член на Комисијата и да се пополни седмото испразнето место во оваа институција надлежна за организирање и спроведување на изборите.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ истакна дека очекува попладне околу 17 часот, претседателот на Собранието Јован Митрески да ги распише изборите и да почнат да течат роковите. Прашан дали во неговата партија веќе се знаат кандидатите за пратеници и носителите на листите за пратеници во изборните единици, Мицевски одговори дека во тек се внатрепартиските консултации и анкети со граѓаните.
„Дадени се имињата од секој Општински комитет, потенцијални кандидати за носители на листи и за пратеници. Очекувам дека органите на партијата по завршување на сите тие испитувања на јавното мислење ќе излезат со предлог до Централниот и Извршниот комитет“, изјави Мицевски.