петок, 6 декември 2024

Џонсон: Британски војници би можеле да завршат во Украина доколку Трамп ја прекине помошта

Британски трупи на крајот би можеле да бидат испратени во Украина доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја прекине американската помош за Киев, изјави поранешниот британски премиер Борис Џонсон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот пораз ќе доведе до „уште поголема закана на нашите граници, на границите на европскиот континент каде и да се судираат демократиите со Русија“, изјави Џонсон за ГБ њуз.

Џонсон рече дека одлуката на САД, Велика Британија и другите сојузници да ја поддржат Украина е „разумна инвестиција за заштита на нашата колективна безбедност“.

Кога Русија ќе се опорави откако Киев ќе ја загуби поддршката, нашата колективна безбедност навистина ќе биде деградирана, предупреди тој, додавајќи дека Велика Британија тогаш ќе мора да испрати британски сили да помогнат во одбраната на Украина.

За време на интервјуто, Џонсон исто така рече дека Трамп слуша „многу различни советници“ за Украина, вклучително и некои републиканци кои се „маѓепсани“ со Владимир Путин. Сепак, тој ја истакна претходната поддршка на новоизбраниот претседател за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ