Бајден се откажа од трката против републиканецот и поранешен претседател Доналд Трамп пред неколку недели по притисокот и загриженоста за неговото здравје и способноста да служи уште четири години.
Синоќа тој одржа говор на конвенцијата на Демократите, а откако публиката го пречека со овации, Бајден пушти солза.
Бајден рече дека нема лоша крв кон демократите кои бараа тој да се откаже од претседателската трка 2024 година и ја повтори својата поддршка за Камала Харис.
President Biden is wiping away tears even before his speech pic.twitter.com/g0OAOpaOtq
— Aaron Rupar (@atrupar) August 20, 2024
„Сите овие разговори за тоа колку сум лут на сите луѓе кои рекоа дека треба да се повлечам – тоа не е точно“, рече Бајден додека толпата извикуваше „те сакаме, Џо“.
„Ја сакам мојата земја повеќе и мораме да ја зачуваме нашата демократија. Америка, те сакам“, додаде тој.