Трета година по ред, Џенова го сопнува Интер на „Лиџи Ферарис“, вечерва со гол од пенал во 96. минута, домаќините се изборија за реми и бод.
Џенова одлично го отвори натпреварот, Вољако го отвори резултатот по 20 минути игра. Сепак, Интер брзо одговори, Турам со глава изедначи на 1-1 по еден час игра.
Во продолжението од мечот, двете екипаа имаа добри шанси, а за нов гол се чекаше до 85. минута, кога Турам по втор пат ја затресе мрежата за 1-2.
И кога се чинеше дека Интер ќе стигне до победа, Бисек реагираше несмасно и играше со рака по една нафрлена топка, а по прегледување на снимките, судијата покажа на белата точка.
Зомер во прв момент го одбрани пеналот на Месиас, но напаѓачот прв стигна до одбиената топка и реализираше за 2-2 и огромна радост.
На вториот денешен натпревар од 18:30 часот, Парма и Фиорентина одиграа 1-1.
🇮🇹 Goal: Junior Messias | Genoa 2-2 Inter
Junior Messias scores from the spot!pic.twitter.com/wOj2TFCfra
— PushGoals (@PushGoals) August 17, 2024