сабота, 15 март 2025

Џеј Ди Венс: Британија е просечна земја што 30 години не била во војна

Американскиот потпретседател рече дека военото присуство на „некоја просечна земја“ како дел од мировните сили во Украина нема да биде доволно за да се обезбеди мир, очигледно мислејќи на Велика Британија. Велика Британија претходно ја спомена можноста да испрати свои војници во Украина како дел од можна мировна мисија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Фокс њуз, Џеј Ди Венс рече дека единствениот начин да се постигне траен мир е да му се даде на Вашингтон економски интерес за иднината на Украина.

„Ако сакате вистински безбедносни гаранции, ако навистина сакате да се осигурите дека Владимир Путин нема повторно да ја нападне Украина, најдобрата безбедносна гаранција е да им дадете на Американците економски потенцијал во иднината на Украина“, рече тој.

„Тоа е многу подобра безбедносна гаранција од 20.000 војници од некоја просечна (во оригинал: random country, буквално случајна) земја, што не била во војна 30 или 40 години“.

И покрај тврдењето на Венс, стотици британски војници загинаа борејќи се во Ирак и Авганистан.

Според достапните податоци, 179 британски војници загинаа во војната во Ирак (2003-2011). Во војната во Авганистан (2001-2021) бројот на загинатите британски војници е 453. Вкупно тоа значи дека 632 британски војници ги загубиле животите во двата конфликти.

Реакции од Британија

Одговарајќи на коментарите на Венс, британскиот опозициски министер за одбрана Џејмс Картлиџ рече: „Големо непочитување е да се игнорира таквата служба и жртва“.

Во меѓувреме, британскиот премиер Кир Стармер рече дека Обединетото Кралство, Франција и Украина ќе работат заедно на мировен договор што би можел да им биде претставен на САД.

Земјите што ветија дека ќе соработуваат на овој договор ќе формираат „коалиција на спремните“.

Земјите во коалицијата на крај би можеле да испратат војници да дејствуваат како мировници во Украина во случај на прекин на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ