„Главната работа што ја препорачав во 1989 година во поранешна Југославија, Полска, Советскиот Сојуз, а подоцна и Русија беше глобалната соработка со регионот во криза за да се излезе од хаосот. Она што го советував во секој од тие случаи, вклучително и Југославија, беше финансиска надворешна помош за да се стабилизираат финансиите во нестабилна ситуација“, објасни Сакс.
„Кога го предложив тоа за Југославија, Европа го отфрли. Европа не сакаше Југославија да опстане. Тие сакаа да ја видат распадната. Верувам дека резултатите беа генерално штетни иако, се разбира, многу од земјите наследнички се среќни поради нивната независност“, изјави Сакс.
Потсетувајќи на Големата депресија од минатиот век во светот, тој оцени дека „не е веројатен економски колапс, но веројатна е растечка економска слабост“.
Американскиот економист рече дека Србија со право се стреми да одржува добри дипломатски односи со сите партнери – САД, Русија, Европската Унија (ЕУ), земјите од Заливот, Кина и други.
„Ако нешто на САД не им се допаѓа, тоа е неутралноста. Или си со нас или си против нас, тоа е нивната стандардна позиција, која се заснова на ароганција и речиси никогаш не успева“, нагласи Сакс во интервју за НИН.