вторник, 8 октомври 2024

Џафери: Партиите да не манипулираат со граѓаните за рокот на важење на пасошите

Премиерот Талат Џафери ги повика партиите и нивните лидери, во пресрет на изборите, да се водат исклучиво од државните и граѓанските интереси, да не наштетуваат на меѓународните позиции на државата и да не ги доведуваат во заблуда граѓаните со манипулации и невистини, соопшти владината прес-служба. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ покренува нова иницијатива – да се продолжи важноста на пасошите. Бара од пратениците да дадат поддршка на иницијативата.

Објавено на

часот

Сподели

„Прашањето околу употребата на уставното име на државата во патните исправи е регулирано со Уставот и е дел од меѓународен договор. Оттука, несериозен, популистички и исклучиво во партиски интерес е наводниот повик да се поддржи законско решение со коешто би се продолжила важноста на патните исправи, по примерот на решението со возачките дозволи. Повиците за непочитување на Уставот и за непочитување меѓународни договори нанесуваат штета пред сѐ на граѓаните, со тоа што се доведуваат во заблуда, но и на меѓународниот углед на државата“, се наведува во повикот на Џафери.

Владата, како што се посочува, го презела потребното и возможното и на вчерашната седница донесе одлука со којашто се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните, како и овозможување издавање без надомест на патните листови за сите државјани кои живеат надвор од државата, а имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ покренува нова иницијатива – да се продолжи важноста на пасошите. Бара од пратениците да дадат поддршка на иницијативата.

„Во овој момент има повeќе од милион граѓани кои што треба да извадат нови патни исправи или пасоши. Околу милион и сто илјади. Има две машини кои што работат од 7 до 20 часа на ден. Секоја од нив има капацитет од 120 патни исправи. И во идеални услови да работат, да нема никаков испад, да нема никаков дефект, да има на време обезбедени обрасци потребни повеќе од 2 години за да биде задоволена потребата. Вистинското прашање е зошто ова се случи и кој е виновникот кој што ги доведе граѓаните во оваа подредена положба“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ