Како што се прецизира во соопштение, товарниот сообраќај на граничните премини Богородица и Меџитлија ќе биде во целосен прекин од полноќ ноќеска до полноќ во среда, освен за расиплива стока, поради дводневен штрајк на царинската служба во Грција.
Патничкиот сообраќај на овие премини, според грчката амбасада во Скопје, ќе биде дозволен периодично, но не е познат точниот распоред, па на патниците им се советува во тој период да избегнуваат движење преку тие гранични премини.