Сообраќајот беше во прекин за сите видови возила од 19.30 до 20.20 часот.
Според првичната информација од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале автомобили марка „фолксфаген“ и „пежо“, а двајцата возачи биле пренесени во струмичката болница, каде им се извршуваат неопходните прегледи и снимања.