петок, 11 октомври 2024

Двајца жители на Врапчиште осомничени за попречување на правдата

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар донесело наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело попречување на правдата.

Објавено на

часот

Сподели

„На 30 септември, во семејната куќа во која живееле двајцата роднини, тие како соизвршители спречиле судија на Основниот суд Гостивар да преземе дејствија предвидени во постапка пред надлежен суд. Судијата вршел увид и презел службени дејствија за прибирање докази за предмет во вонпранична постапка, кога двајцата осомничени употребиле сила за да го спречат и започнале да го туркаат. Судијата се повлекол во автомобилот заедно со шоферот и дактилографот, по што осомничените во два наврати се обиделе насилно да ја отворат вратата од возилото за да го нападнат“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз постапката или да го повторат делото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ