„Со денешната одлука предвидени се два милиони евра за оваа намена и со ова, исполнуваме уште едно ветување. Св.Еразмо – специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија. Продолжуваме посветено во сите сегменти и продолжуваме со уште поголеми проекти!“, напиша Николовски.
Два милиона евра за реконструкција и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо ” во Охрид
На денешната седница на Владата се донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо ” – Костозглобна во Охрид, објави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, на неговиот Фејсбук-профил.

Објавено на
часот