По двата нерешени натпревари против Каљари и Јувентус, Милан стигна до цел плен во Серија А, избраниците на Фонсека со 3-0 го совладаа Емполи
Алваро Мората го отвори резултатот во 18. минута, за Тиџани Рајндерс пред крајот на првиот дел да погоди за 2-0.
Во 69. минута од пресметката на „Сан Сиро“, на Рајндерс му беше оставен премногу простор па Холанѓанецот прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 3-0.