Наполи рутински стигна до трите бода на отварањето на новата сезона во Серија А, избраниците на Гарсија триумфираа со 1-3 кај Фросиноне.
Домаќините први зададоа удар и поведоа со 1-0 во 7. минута, Аруи погоди од пенал за радост на Фросиноне.
Но до крајот на првиот дел Наполи направи пресврт. Политано од врвот на шеснаесетникот закачи еден волеј за 1-1 во 24. минута, а пред паузата, Осимен силно биеше под пречката за 1-2.
Нигериецот потоа ги реши сите дилеми во 79. минута откако доби топка во фор и рутински реализираше за 1-3.
Нашиот Елиф Елмас мечот го почна од клупата, шанса доби во второто полувреме и одигра дваесетина минути.