вторник, 5 ноември 2024
Во северна Италија

Во Италија, душек полн со пари и злато фрлила куќна помошничка незнаејќи дека бил складиште за богатство

Жена од градот Монтебелуна, северна Италија, фрлила стар душек за кревет, полн со накит и пари, „тежок“ околу 50.000 евра, пишува весникот „Трибуна ди Тревизо“ (Tribuna di Treviso).

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Сметајќи го дотраениот душек за тежок отпад кој само зафаќа многу простор, куќната помошничка го извадила од гаражата на сопственичката – постара жена, и го однела на градската депонија. Помошничката не знаела дека душекот е користен како складиште за пари, накит и кредитни картички.

По неколку часа, постарата жена забележала дека душекот веќе не е на своето место, па нејзината ќерка веднаш стапила во контакт со полицијата.

Така, заедно со околните општински службеници стигнале до депонијата. Потрагата потоа траела дури еден час, но душекот е пронајден, а со него и недопреното богатство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ