петок, 13 декември 2024

ДУИ: Ветинг и за сите партии и политичари

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро го осудува неодговорното однесување на премиерот, кој постојано ја користи својата државна позиција за да им се заканува на опозициските политичари. Ова не претставува ништо повеќе од отворена злоупотреба на власта, обид да се создаде лажна перцепција во јавноста и да се ограничи просторот на опозицијата за делување.

Објавено на

часот

Сподели

„Дополнително, овие постапки вршат неприфатлив притисок врз независните институции на правосудството. Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба.

Овие постојани закани се незаконски и покажуваат ароганција, која е знак за неговата несигурност. Владеењето базирано на страв и манипулација не може да биде стандард во нашата демократија.

Доколку премиерот навистина е искрен во борбата против корупцијата, тој би го прифатил нашиот повик за независен и меѓународно посредуван процес на ветинг, кој ќе ги опфати сите партии и политичари, вклучувајќи го и него самиот. Само таков транспарентен и сеопфатен процес ќе и служи на демократијата и ќе создаде доверлива политичка клима за нашите граѓани.

Го повикуваме премиерот веднаш да ги прекине овие штетни практики, да го зачува достоинството на својата позиција и да ја почитува поделбата на власта и независноста на институциите.

Демократијата бара почит кон законот, транспарентност и фер политичка борба, каде секоја страна може да дејствува без да биде под влијание на заканите и притисоците од извршната власт.

Остануваме посветени на заштитата на овие принципи и ќе продолжиме да бидеме силен глас против секој обид за злоупотреба на власта и загрозување на независните институции на државата“, соопшти Демократската унија за интеграција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ