среда, 11 декември 2024

ДУИ: Предлозите на Вреди за Советот на обвинители не ги исполнуваат условите

Демократската унија за интеграција (DUI) го осудува отворениот обид на Вреди да ги измами граѓаните и пратениците со партиски кандидати за членови на Советот на обвинители, се наведува во денешното партиско соопштение на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Од ДУИ тврдат дека поседуваат фотографии од кандидатот Ардијан Демири кои го покажуваат неговото политичко-партиско делување во Демократското движење на Изет Меџити.

„Сите јавни настапи на Демири го прават недостоен да носи толку важна функција. Додека другиот кандидат, исто така член и поддржувач на Вреди, Ведат Салихи, не ги исполнува условите за работен стаж согласно законот и по завршувањето на конкурсот достави дополнителни документи. Вреди не го интересира ниту Европа, ниту владеењето на правото, ниту реформите, туку само партизацијата на судството и институциите за да им служи на нивните коруптивни апетити“, тврдат од ДУИ.

Од партијата велат дека ги алармираше пратениците, граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница за начинот на размислување на челниците на Вреди да ги партизираат судството и обвинителството со партиски експоненти.

„’Заробената држава’ никогаш не треба да се повтори и ја повикуваме Европската Унија да реагира кај власта без етнички легитимитет и кај Собранието за овие постапки кои нè оддалечуваат од Европа и европските вредности“, се наведува во соопштението на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ