„Ексонентите на Вреди не само што различно го толкуваа настанот и бараа оправдување, туку беа демнатирани од Кабинетот на Вјоса Османи, од МВР и од концесионерот ТАВ. Дивото и недозволиво однесување на шефот на обезбедувањето на нелегитимниот претседател на Собранието по налог на Африм Гаши, како и институционалното незнаење на Астрит Исен, кој не ни бил информиран за скандалот е неприфатливо. Овој скандал мора да се расчисти до крај и веднаш да сносат политичка одговорност нелегитимните узурпатори на институциите, Астрит Исени од МВР и Африм Гаши од Собранието“, се вели во соопштението на ДУИ.
Според ДУИ, Албанците не се ниту заштитени, ниту адекватно застапени во моноетничката власт а ВРЕДИ како губитниците на претседателските и на парламентарните избори се целосно потчинети и сервилни.