Според Беџети, Гаши треба да им се извини на Албанците без разлика на нивната политичка провиниенција и да се повлече не само од претседател на Собранието, туку и од политичката сцена.
„По вчерашното интервју што кратко успеав да го следам, тој мислам дека треба да им се извини на Албанците без разлика на политичката провиниенција и не само од претседател на Собранието, туку треба да се повлече и од политичката сцена зашто такви гафови не се прават случајно. Изгледа вазалството оди до крајности и не сметаме дека е потребно веќе да дебатираме на таа тема“, нагласи Беџети.
На денешната собраниска седница прва точка на дневен ред треба да биде интерпелацијата на Гаши што ја поднесоа пратениците на Левица.