вторник, 10 декември 2024

ДС: Да се забрани бизнисот со канабис

Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува, над 70 фирми произведуваат канабис без ефикасна контрола од државните институции и производството се пласира на нелегалниот пазар, со што се шири нарко бизнисот и злоупотребата на канабисот во кој има вмешаност и на лица кои се носители на функции во државата, реагира Демократски сојуз и бара забрана за овој бизнис.

Објавено на

часот

Сподели

„Присуството на експерти од странство за борба против наркобизнисот во Македонија, потврдува дека овој криминал поприма сериозни димензии и повлекува формирање на наркокартели, меѓусебни пресметки и ликвидации, како и ширење на наркоманијата во големи размери и надвор од Македонија.

Досега се откриени над 10 кражби на марихуана, обиди за нелегална продажба на  канабис итн.

Состојбите се загрижувачки и прашање е кога ке добиеме сериозна критика и одлука за забрана на прозводство на канабис и од Организацијата на обединетите Нации.

Последната акција на МВР, во која се опфатени и партиски активисти укажува на примамливоста и огромните нелегални профити од овој вид на легализиран криминал.

Во овој бизнис’ се вклучени и носители на високи државни и политички функции.

ДС по изборите ќе предложи укинување на законот за легализација на производство на канабис за натамошна продажба“, се вели во соопштението на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ