вторник, 8 октомври 2024

Држави и амбасади го честитаа Денот на независност на Македонија

Денот на независноста на Македонија денеска го честитаа повеќе амбасади, нивни амбасадори положија цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и присуствуваа на Свечената академија во Филхармонија.

Фото: Свечена академија

Објавено на

часот

Сподели

„Нека е честит Денот на независноста на пријателска, братска и НАТО сојузничка Северна Македонија. Одлучни сме во наредниот период уште повеќе да ја развиваме нашата соработка во сите области“, објави на платформата Х, Амбасадата на Турција,а честитки упати и турското МНР.

По повод Денот на независноста честитки упатија Германија, Шведска, Франнција, Украина, која држава се заблагодари за помошта пружена од Македонија. Обединетото кралство преку Амбасадата го пренесе и писмото со честитки од Кралот Чарлс Трети, до претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Амбасадорите на овие земји присуствуваа на Свечената академија организирана во Филхармонија, како и на полагањето венци на вечните почивачишта на претседателите на Македонија, Борис Трајковски и Киро Глигоров. Честитки, како што веќе објави МКД.мк, упатија и други држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ