вторник, 8 октомври 2024
Дефиле низ Широк Сокак за подигање на свеста

Државата не ги почитува законите, па лицата со инвалидитет немаат пристап во образованието, спортот, музичките настани…

Лица со инвалидитет од повеќе македонски градови со дефиле низ Широк Сокак, јавно побараа донесените закони и конвенции кои се за подобар и поорганизиран живот на лицата со инвалидност да се почитуваат, затоа што како што рекоа нормативите не ги почитуваат државните институции.

Објавено на

часот

Сподели

Според Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност Македонија, Законите отсекогаш постоеле и во нив се пропишани мерките за пристап до објекти, но проблемот е во тоа што законите не се почитуваат од институциите.

„Со денешното дефиле сакаме да се подигне јавната свест но не само на обичниот граѓанин, туку и на институциите за основните права кои треба да се почитуваат, а тоа се пристапноста и примената на универзалниот дизајн посебно при изградба на јавни објекти. Пристапноста е најголемиот проблем бидејќи без тоа лицата со инвалидност не може да ги остварат своите права во здравството, образованието, не може да посетуваат спортски, музички и други настани. Законите не се проблем, бидејќи тие отсекогаш постоеле и во нив се пропишани мерките за пристап до објекти, но проблемот во нашата држава е што законите не се почитуваат од институциите“, истакна Прчева.

Домаќин и организатор на дефилето на лицата со инвалидитет беше Здружението Мобилност-Битола, а мото на настанот „До пристапност со универзален дизајн“.

„Годинава наша тема на дефилето е пристапноста, посебно пристапноста со употреба на универзален дизајн во кој се содржани сите можни дејности кои се во функција на лицата со инвалидност и за сите други без никакви додавки да може да ги употребуваат сите лица. Ние во последните 30-40 години, ги охрабруваме институциите на системот во државата да почнат поинтензивно и посилно да ги применуваат сите законски прописи и конвенции со кои се овозможува подобро и полесно живеење на лицата со инвалидност. За жал и во Битола институциите не учествуваат со соодветен одговор на нашите потреби, а мапирањето што го направивме констатиравме дека во цел Пелагониски регион, дури 90 проценти е непристапен за лицата со инвалидност“, изјави Нико Јанков, претседател на Мобилност-Битола. 

На дефилето во Битола учествуваа членови на здруженијата на лица со телесен инвалидитет од Велес, Штип, Гевгелија, Радовиш, Битола, Демир Хисар, Ресен и други македонски градови. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ