среда, 11 декември 2024

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес во Скопје

Полициски службеници вчера извршиле претрес во домот на Б.Ј.(39) во Скопје, при што биле пронајдени 30 банкноти во апоени од по 20 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражба на банкомати, пет пиштоли, една кеса со бела грутчеста материја, мобилни телефони…

Објавено на

часот

Сподели

Исто така, полициските службеници извршиле претрес на товарно моторно возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, при што биле пронајдени вреќи во кои имало 21 ќесиња марихуана и други предмети.

„Пронајдените предмети се подигнати и предадени на вештачење. По целосно документирање на случајот, против Б.Ј. ќе бидат поднесени кривични пријави по член 396 неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи и член 215 неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од КЗ“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ