недела, 19 мај 2024

Драматично предупредување на Едвард Сноуден: НСА за неколку дена го презема интернетот

Американската Национална безбедносна агенција (НСА) би можела за само неколку дена да го преземе интернетот, и тоа нема да го прочитате на ниедна насловна страница затоа што никој не го забележува, предупреди Едвард Сноуден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Славниот откривач на овој начин реагираше на низата објави на социјалната мрежа Икс на директорката на програмата за слобода и национална безбедност на Бренан институтот за правосудство на Правниот факултет на универзитетот во Њујорк Елизабет Гојтајн.

Гојтајн го повика Сенатот на САД да не ја потврди одлуката на Претставничкиот дом кој изгласа повторно усвојување на законот за надзор на странски разузнавачки служби (ФИСА), чиј оддел 702, усвоен во 2008 година, ноторно им овозможи на американските разузнавачи да прислушуваат телефонски и интернет разговори кои се вршат преку американските мрежи како таа на Гугл.

Иако теоретски цели на странците, оваа програма овозможи „индиректно“ собирање милиони податоци на американските граѓани. Според податоците од 2022 година, ФБИ ја искористил оваа програма да ги истражи електронските податоци на речиси 3,4 милиони американски во 2021 година.

Гојтајн објаснува дека ФИСА досега ги обврзувала сите „провајдери на услуги за електронска комуникација“ да ѝ помагаат на НСА во разузнавачката работка која го покрива одделот 702.

Меѓутоа, законот со кој повторно се усвојува законот за надзор на странските разузнавачки служби содржи амандман кој го предложи Разузнавачкиот одбор на Претставничкиот дом, а кој ја измени дефиницијата на „провајдер на услуги на електронска комуникација“ и со тоа драматично ја прошири листата на ентитети кои се обврзани да учествуваат во шпионските активности на НСА, наведува таа.

„Ако ова се усвои, секој компанија или поединец кој пружа каква било услуга може да биде приморан да помага во надзорот на НСА, сè додека има пристап до опрема на која се пренесуваат комуникации или се чуваат – како рутери, сервери, кули за мобилни уреди и друго“, пишува Гојтајн.

Тоа се однесува и на фитнес-центри, берберници, забарски ординации, чиј вај-фај го користат нивните клиенти, но и ентитети кои свои недвижности издаваат на новински агенции, правници и слично.

За разлика од провајдерите на услуги како Гугл, тие немаат капацитет да изолираат целени преписки кои може да се од интерес на НСА, па затоа би биле обврзани на американската служба да ѝ обезбедат пристап до електронската опрема на која се врши комуникацијата.

Поради тоа, НСА би ја ограничувал само „системот на чест“ да не ги чита преписките кои не се однесуваат на потврдени странски мети, додека на нејзините соучесници им се закануваат сериозни казни ако некому откријат каква помош биле приморани да ѝ пружат на американската разузнавачка агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ