Началничката на прилепскиот кризен штаб, Ирена Стерјоска Локвенец упати драматичен апел до граѓаните:
Покрај тоа што се води битка за спас на населените места и верските објекти кои ги има во голем број, силите се насочени и да не се дозволи пожарот да излезе од прилепската општина и да премине во атарот на други општини.
„Тимовите работат интензивно кај Дрен и Смолани за пожарот да не се прошири во кавадаречкиот регион, а на располагање во вкупните сили се и 100 припадници на армијата, 30 од специјалната единица на полицијата, 30 луѓе од ЈП Национални шуми , пожарникари од повеќе градови и секако, месното население. Голема благодарност до сите кои излегоа во голем број и успеавме да ги зачуваме објектите“, вели Стерјовска Локвенец.
Републичкиот кризен штаб за заштита и спасување донесе одлука командувањето и управувањето со кризата во Мариово да ја врши Дирекцијата за заштита и спасување, но прилепскиот кризен штаб останува активен да ја следи и организира ситуацијата на теренот.
ЦУК информира каде денеска останува критична состојбата:
1. Мариово – Општина Прилеп с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);
2. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Ораов Дол (активен), с.Оморани (локализиран), с.Степанци (под контрола) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);
3. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостебелста шума);
4. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);
5. Општина Долнени 1: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума);
6. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);
7. Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума).
Под контрола се следните пожари:
1. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);
2. Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);
3. Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре).
Изгаснати се пожарите на следниве локации:
1. Општина Гостивар: нас.Млаки, близу муслиманските гробишта (сува трева);
2. Општина Струмица: м.в.Суфилар (сува трева и гаража);
3. Општина Василево: с.Чанаклија – с.Нова маала (сува трева);
4. Општина Куманово: нас.Карпош (грмушки и сува трева);
5. Општина Ѓорче Петров: с.Никиштани (ѓубре);
6. Општина Студеничани 1: с.Вртекица (мешана шума и сува трева);
7. Општина Студеничани 2: с.Долно Количани (мешана шума и сува трева);
8. Општина Кичево: с.Црвивци (ѓубре);
9. Општина Македонски Брод: с.Русјаци (сува трева).