недела, 13 октомври 2024

ДПИ казни осум маркети кои не ги ограничиле профитите на основните производи

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на вчерашниот ден извршил над 60 надзори на цела територија на Македонија за почитувањето на владината одлука за ограничување на профитот на трговците на основните прехранбени производи и нивно означување со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ при што издал осум прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите маркети постапките се во тек.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од ДПИ, денеска се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало.

„Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела држава. Напоменавме и во текот на вчерашниот ден, дека толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат одлуката“, велат од Државен пазарен инспекторат.

Со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки се врши ограничување на профитните маржи до 10 отсто на околу 70 основни прехранбени производи поради што се очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ