среда, 9 октомври 2024

Дождот и градот предизвикаа штети во Ресен и околината

Објавено на

часот

Сподели

Силен дожд и град доцна попладнето го зафати градот Ресен и околните населени места во Преспа.

Од Општина Ресен за МИА потврдуваат дека невремето, обилниот дожд, градот и грмотевиците предизвикаа штети кои ќе се евидентираат во текот на утрешниот ден.

„Силните грмотевици предизвикаа неколку часовен прекин во снабдувањето со струја во Отешево и неколку други населени места, а во градот струја немаше еден час. Најголема штета е предизвикана кај јаболката, но и други земјоделски насади“, посочија вечерва од тамошната локална самоуправа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ