Венецуела пружи силен отпор против Словенија на почетокот од мечот, ја доби првата четвртина со 33-31, но потоа работите дојдоа на свое место и на крајот Словенците славеа убедливо со 100-85.
Лука Дончиќ беше играч на мечот со 37 поени, Тоби реализираше 21, а Препели 18. Најдобар кај Венецуела беше Сохо со 16 поени.
Србија со повеќе разлика очекуваното ја совлада Кина, 105-63. Србите одиграа тимски одлично, ниту еден не се истакна посебно. Најефикасни беа Богдановиќ и Маринковиќ со по 14 поени, Ристиќ постигна 13. Во составот на Кина, Жао Руи реализираше 17.