вторник, 15 октомври 2024

Догодина ќе има селекција на турбо-фолк концертите во Охрид

Објавено на

часот

Сподели

„Од другата година ќе биде поинаков принципот, прво да добиеме потврда каков настан ќе има, а потоа ќе одлучи општината дали ќе го дава или нема да го дава стадионот за тој настан. Да бидам прецизен, ќе има селекција, толку”-вели Пецаков во изјава за ТВ Алфа.

Во некои туристички центри во Хрватска веќе е забрането одржување на турбо фолк концерти, а во Дубровик кој е исто така под УНЕСКО, не се одржуваат концерти на јавни гратски површини.

„Треба да се пронајде вистински начин за да се одбрани Охрид како еден свет град на европската и светската цивилизација и да биде лишен од тој вид на присуство на она што вие го нарекувате секојдневен кич, во кој што се преплетуваат различни интереси кои се далечни од нашите соништа за Охрид”, вели поранешниот амбасадор, Јордан Плевнеш.

Охрид мора внимателно да ја креира културно-музичката понуда, која сериозно е загрозена со неквалитет, вели познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Четкар.

„Овој невкус и хаос во Охрид, кој се случува и години наназад е срамота за сите нас, почнувајќи од локалната самоуправа, па сѐ до сите државни институции кои на било кој начин се поврзани со ова безредие кое поттикнува една огромна лавина на некултура! Вознемирувањето на сите охриѓани, домашни и странски туристи од кој повеќето дошле во потрага по мир, одмор и пријатно искуство е злочин спрема Охрид и спрема сѐ што овој духовен и културно-историски центар претставува“, вели Владимир Четкар.

Треба да нудиме македонска фолклорна или староградска изворна музика со која Охрид ќе го одбележиме во регионот со својот автентичен звук, велат охриѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ