„Бараме Босна и Херцеговина да се врати на уставот, да отфрли сѐ што беше наметнато со насилство“, рече Додик на прес-конференција по средбата со премиерот на Србија во заминување, Милош Вучевиќ.
Претседателот на РС рече дека овој ентитет не работи на уништување на БиХ, туку на институции кои не се во согласност со Уставот.
Според него, Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина, како и Агенцијата за истраги на Босна и Херцеговина (СИПА) не се уставни категории, туку тие институции се основани по Дејтонскиот договор.
Додик ги повика сите вработени во СИПА, Обвинителството и Судот на БиХ да ги напуштат тие институции и да се префрлат во правосудните и полициските институции на РС.
Тој ги повика Србите да не им се закануваат на припадниците на другите народи во РС на кој било начин.
Додик за неговата политика побара поддршка од народот на РС, наведувајќи дека тоа е одлучувачката политичка борба на РС.
„Ќе завршиме, ова е политичка борба. Незаинтересираноста на народот е пораз“, заклучи Додик.
Тој се заблагодари за поддршката на раководството на Србија, наведувајќи дека заедничките проекти меѓу РС и Србија ќе продолжат.