„Никакви закани кои ги слушаме со години, па и во овие денови на славење, никогаш тоа нема да го променат, само го зајакнаа нашето уверување дека она што го правиме е правилно. Ја нема таа сила која може да дојде и да му наметне на кој било Србин да сака некоја таму измислена Босна“, порача Додик.
Додик на 17 јануари го чека продолжување на судењето за обвинението за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница, а ако биде осуден може да добие од шест месеци до пет години затвор. Сега порача дека заканите од американската и британската амбасада во БиХ, односно можноста да се соочи со ново обвинение околу прославата на Денот на РС, нема да го заплаши и дека ќе продолжи да работи на јакнење на Република Српска.