вторник, 5 ноември 2024
МВР најави пријави

Додека гори зградата и се спасуваат животи двајца се обиделе да крадат во магацинот во Чаир

Министерството за внатрешни работа информира дека две лица денеска се лишени од слобода поради обид за кражба од зградата на улица Серава во Скопје во која вчера настана пожар. По документирање на случајот, дополнуваат, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Сето ова се случува додека пожарникарите се на терен повеќе од 24 часа, се обидуваат да спасат човечки животи, гаснат голем пожар и се евакуираа станарите, меѓу кои и деца и бремена жена.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот што избувна вчера во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир беше целосно изгаснат денеска. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува.

Опожарени простории кои се користеле како магацински простор од страна на фирма во кој имало големо количество пластични производи.

Во меѓувреме, се очекува да започне увидот на Министерството за внатрешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ