петок, 4 октомври 2024

Додека да почне со работа Бехтел и Енка премиерот отиде да ја види реконструкцијата на патот Петровец – Катланово

Објавено на

часот

Сподели

„Се радувам што градежните работи добиваат на интензитет и што добив уверување дека изведувачот ќе ја забрза изведбата на оваа делница“, рече Ковачевски изразувајќи надеж дека работите ќе завршат до крајот на годината.  

„Градиме и реализираме проекти кои не стојат само на хартија. Ги поврзуваме луѓето, градовите и државите со модерна инфраструктура, која ќе остане трага и наследство за идните генерации“, додаде премиерот..

 

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, рече дека градежната офанзива во инфраструктурата е засилена насекаде низ државата и дека оваа година има најголем обем на инвестиции.

„Ова е делница од Коридорот 10, дел од европските коридори, за нас многу значајна патна и транзитна врска и затоа наша обврска е на овој Коридор да воспоставиме квалитетен, модерен и безбеден автопат“, истакна министерот Бочварски.

 

„Овие вкупно десетина километри што се рехабилитираат на левиот и десниот коловоз ќе бидат проширени со уште една лента, со што ќе се добие комплетна автопатска делница по сите стандарди. Проширувањето се одвива во внатрешниот зелен појас на автопатот со цел да се избегне дополнителна експропријација. Сега веќе се работи со засилено темпо“, рече директорот Рустеми.

Тој појасни дека вредноста на договорот е 6,3 милиони евра, средства коишто се обезбедени од ЕБОР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ