петок, 27 септември 2024

До понеделник трае повикот за доделување парична помош за првачињата од Аеродром

В понеделник истекува рокот за поднесување барање за исплата на еднократна парична помош за првачиња во висина од 3500 денари, соопшти денеска Општина Аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

„Семејствата кои имаат прваче можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општина Аеродром, секој работен ден до 15:30 часот. Образецот за аплицирање и сите други потребни документи можете да се најдат на веб страницата на Општината“, се вели во соопштението.

Од Општина Аеродром додаваат дека остануваат посветени на заложбата за инвестиции во најмладите, како и во кратење на дополнителните трошоци што претставуваат товар на семејниот буџет. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ