среда, 4 декември 2024

Дизел горивото ќе поевтини за еден денар

Дизелот и нафтата за домаќинствата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, цената на бензинот од 98 октани се зголемува за половина денар по литар, додека цената на бензинот од 95 октани не се менува.

Објавено на

часот

Сподели

Новата малопродажна цена на Еуродизел БС (Д-Е V) ќе изнесува 76 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 75, а Еуросупер БС – 98 за 87,5 денари за литар. Цената на Еуросупер БС – 95 и натаму ќе остане 85 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,683 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,459 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ