среда, 9 октомври 2024

Директорот на француската компанија: Продажбата на „рафалите“ на Србија нема да доведе до протекување податоци во Русија

Одлуката на Франција на Србија да ѝ продаде 12 борбени авиони „рафал“ од произведувачот Дасо авијасион нема да доведе до истекување на податоци во Русија, со која официјален Белград одржува сојузнички односи, изјави извршниот директор на воздухопловниот гигант Ерик Трапие.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не постои ризик од истекување податоци. Верувајте им на способностите на компанијата Дасо да ги чува своите тајни“, кажа Трапие за весникот Журнал ди диманш и истакна дека токму таа компанија „била прва на удар“ и затоа „не би дозволила да постои каков било ризик“.

Претходно француски медиуми изразија загриженост поради врските на Србија и Русија, кои наводно би можеле да доведат до „истекување“ на технологија што би можело да ја загрози технолошката супериорност на овие авиони.

Така францускиот портал Арме наведува дека продажбата на „рафалите“ на Србија не може „да не предизвика загриженост за безбедноста“, имајќи ги предвид односите на Белград со Москва и Пекинг.

„Рафал“ е повеќенаменски борбен авион, познат по својата сестраност и можност за извршување најразлични мисии, како остварување надмоќ во воздушниот простор, пружање поддршка на трупите на земја, дејства по поморски и копнени цели во длабочина на територијата, извидување, нуклеарно одвраќање, а француското летало може да се користи и како танкер за дополнување гориво во воздух.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ