Спортскиот директор на Барселона, Деко синоќа пристигна во Германија во финална офанзива по потписот на Дани Олмо и попладнево беше објавено дека паднал договор за трансфер на Шпанецот вреден 55 милиони евра, плус додатни 7 милиони евра во бонуси.
На ваквите информаци ќе се израдуваат и во Динамо Загреб, на популарните „модри“ им следи процент од оваа зделка.
Се шпекулира дека Динамо треба да добие 20% од профитот кој ќе го направат „биковите“ или во случајов, профит од нешто над 30 милиони евра, па тоа значи дека над 6 милиони евра ќе се слеат во касата на клубот од Загреб.