По болната елиминација од АЕК во квалификациите во Лигата на шампиони, Динамо Загреб почна со промени.
Тренерот Игор Бишчан доби отказ, а на негово место беше донесен Сергеј Јакировиќ од Ријека.
Медиумтие од Хрватска сега објавија дека „модрите“ сакаат да го вратат и Аријан Адеми, миленикот на публиката.
Динамо Загреб веќе остварил контакт со Македонецот, но зделката воопшто не е лесна, во моментов Пикинг Гуан не сака да го продаде.