среда, 11 декември 2024

Димитриевски конечно ќе дебитира за Валенсија во Ла Лига

Македонскиот голман, Столе Димитриевски ќе биде меѓу стативите на следниот натпревар на Валенсија во Ла Лига против тимот на Валјадолид.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот голман на Валенсија, Гиорги Мамардашвили се повреди на последниот меч и лекарските проценки се дека тој нема да може да брани на натпреварот против Валјадолид кој е закажан за во петок.

Тоа значи дека Димитриевски ќе застане меѓу стативите, за првпат во дресот на Валенсија на натпревар од Ла Лига.

Димитриевски веќе има два официјални меча за Валенсија, но и двата се во Купот на Шпанија.

Македонскиот голман потпиша за Валенсија со цел да биде прв голман, но Мамардашвили кој требаше да замине, остана на Местаља уште една сезона. Тој има договор со Ливерпул, но е оставен на позајмица во Валенсија.

Има гласини дека Мамардашвили ќе ги пропушти и преостанатите мечеви од оваа календарска година, а тоа значи дека Димитриевски ќе врзе неколку натпревари во серија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ