петок, 21 март 2025

Димитриеска-Кочоска: Во четвртиот квартал растот на БДП е 3,2 проценти

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска смета дека растот на БДП од 3,2 отсто проценти во четвртиот квартал од годината е сигнал дека економијата почнува да се опоравува и постепено да се стабилизира.

Објавено на

часот

Сподели

„Економијата покажува значителни знаци на опоравување и стабилизирање – резултат на политиките што ги спроведува Владата. Потврда за истото стигнува од објавените податоци на Државниот завод за статистика за раст на БДП во последниот квартал од 2024 година од 3,2 отсто. Затекнавме економија која беше во стагнација со раст на БДП од 1,2 отсто во првиот квартал, 2,3 отсто во вториот квартал. Тоа бараше итни и неодложни мерки на краток рок за да овозможиме економијата да почне да се опоравува  и да се фокусираме на политики коишто ќе овозможат засилена економска активност со просечни стапки од пет проценти“, напиша министерката за финансии на својот фејсбук профил.

Таа додава дека инвестициите се главна карика на концептот на оваа Влада и дека со тој концепт ќе се продолжи и во наредниот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ