„ДИК доби дополнителни 350 милиони денари, Инспекцискиот совет 147 милиони, МВР 60 милиони за набавка на материјали за лични документи, МАНУ 18,7 милиони за научно-истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавака на опрема“, информира министерката.
Таа посочи дека дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 ќе биде доставен на разгледување и усвојување во Собранието.
„Обезбедивме средства за целосно сервисирање на сите права и доспеани обврски до крајот на годината, средства за пензионерите, за вработените во администрацијата, за бизнисот, за здравство… Обезбедивме над 4 милијарда денари дополнителни средства за исплата на плати, средства потребни за реализација на преземените обврски за зголемувањето на платите согласно потпишаните колективни договори и законските решенија кои беа донесени по усвојување на Буџетот на РМ за 2024 година. Намерата на Владата е со овој Ребаланс да обезбедиме непречено сервисирање на обврските кон огромен број на граѓани и компании, вклучувајќи ги младите, спортистите, земјоделците, пензионерите, како и вработените во администрацијата преку исполнување на нивните права согласно колективните договори. Стоиме исправени пред предизвикот да ги решиме отворените прашања и да одиме чекор по чекор во исполнување на нашите политики за подобар живот на сите граѓаните“, рече министерката.
Прашана за барањето за пренамена на парите од коридорот 8 за коридорот 10, министерката за финансии појасни дека за коридорот 10 се бараат истите услови, грант и кредит, како и за коридорот 8.
„Дали ќе биде тоа нова апликација или пренамена, воопшто не е важно. Важно е дека бизнисот во Македонија има потреба од профунцкионирање на железниќкиот коридор 10. Постако е да се носи стоката од солунскот пристаниште со камиони отколку со железница. Имаме проблем со транспортот од Солун. Да битно е поврзувањето на пристаништата Драч и Бургас, ама за тоа денес никој нема потреба. Кој носи производи од таму во Македонија: Никој. Мора да дадеме приоритет на потребите на македонските компании, да им се намалат трошоците. Важен ни е коридорот 8, но во услови на лимитирани средства треба да се помогне коридорот 10“, рече Гордана Димитриеска Кочоска.